Се санираат штетите, најдоцна до понеделник патот до Делчево ќе биде пуштен во употреба

Од
Објавено на

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.
На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.
Сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово – Смојмирово – Виница.
Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.
