Ковачки до Ковачевски: Што има лошо во тоа да се признаат пресудите од Судот за човекови права за Македонците во Бугарија?
Ковачевски, промени на Устав под бугарски диктат нема!
Ограничениот ум на пионот кој е без моќ за политичко расудување и е без чувство на одговорност кон сопствената држава, цврсто зачаурен во кругот на самобендисаност кој сам го создал, откако на јавна сцена од страна на Претседателот Христијан Мицкоски му беше покажано како истовремено може да го зачува македонскиот идентитет и да ја отвори европската перспектива на државата, продолжува да сее лаги и да ја труе нацијата со негативизам кон политичкиот противник од кого нагласувам – беше нокаутиран со интелект и политичка зрелост, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Ковачевски, дали сте свесни дека најголем кочничар на развојот на Македонија и на благодетот на сите граѓани сте токму Вие лично и малата групација околу Вас.
Пред да Ви одговорам на спинот со кој се обидувате да излезете од пат позицијата во која сте во моментов, еве Ви неколку прашања:
1. Дали ако инсистирате на Уставни измени да се случат при влезот на Македонија во ЕУ, а не за отпочнување на преговорите кои патем речено може да траат бесконечно како во примерот со Турција или другите балкански држави:
а) сте обезбедиле да нема ново вето и нови блокади од Бугарија за кое сте одговорни Заев и Вие лично?
б) сте создале услови за забрзан процес на преговарање неоптеретен со историските прашања и понижувањата од Бугарија на кои Вие лично се согласивте?
Одговорот е Да, ама Вам Ви пречи тоа да го кажете затоа што на јавна сцена ќе се покаже дека сте можеле тоа да го барате додека го прифаќавте понижувањето од Бугарија, ама или не сте можеле или не сте знаеле. А не знаевте затоа што ја исклучивте опозицијата од преговорите.
2. Што има лошо во тоа што бараме да се признаат пресудите од Судот за човекови права за Македонците во Бугарија?
Дали на тој начин Бугарија признава постоење на Македонци?
И тука одговорот е Да.
Ама Вам тоа изрично Ви е кажано од Вашите газди дека не смеете да го коментирате, нели?
Од што се плашите Ковачевски?
3. Дали не гледате дека бранејќи ги ДУИ, продолжувате да го храните канцерот кој ја разгради македонската унитарност и ја украде македонската иднина?
Па уште и прифаќате премиер на Македонија да биде од ДУИ (псе јо а?).
Вие Ковачевски сте премиер на Македонија, извршител на Ахмети или ни Вие не знаете што сте?
4. Дали не гледате дека Македонија секојдневно ја дозаглавувате во кал, а со Вашата трајна неспособност ќе останете запишан во историјата на Македонија како човекот кому му ја дадоа државата да се обиде да си игра со неа?
За крај, збор за констатацијата дека опозициското НЕ станало ДА.
Повелете уште денеска на седница, ставете ја промената на Уставот на дневен ред и ќе видите дали НЕ станало ДА.
Ама не чекајте, уште денеска закажете седница и да се преброиме. (Ова под услов газдите да Ви дозволат).
*Спасот за Македонија се избори на кои ДУИ ќе замине во опозиција, а СДС ќе треба да биде реформирано од сегашните узурпатори кои немаат македонско национално чувство на одговорност“, додава тој.