Македонија

Османи потврди дека македонски граѓанин е застрелан во Косово

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи потврди дека македонски граѓанин е застрелан во Косово.

„Нашите инситуции комуницараа со косовските власти и го потврдија тој податок кој беше објавен за наш граѓанин кој беше застрелан во Косово, но повеќе детали ќе ви обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт и ја потврдивме веста“.

Синоќа околу 20 часот, косовските медиуми пренесоа дека во Приштина е убиен државјанин на Македонија, додавајќи дека осомничените сè уште не се идентификувани.

Според косовската полиција, на околу еден километар од местото на инцидентот, пронајден е опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој се сомнева дека осомничените избегале од местото.

На почеток