Охрид

Богата музичка програма на винскиот фестивал во Охрид

Уште само неколку дена не делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се одржи на 22, 23, 24 јуни.

Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.

На отворањето на фестивалот во Четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во Сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.

Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосфера ќе се дегустира убаво вино.

Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.

На почеток