Свет

Порака на Москва: Нападот врз руските војници ќе биде протолкуван како напад врз Руската Федерација

Порака на Москва: Нападот врз руските војници  ќе биде протолкуван како напад врз Руската Федерација


Нападот врз руските војници во Придњестровје од Москва ќе биде протолкуван како напад врз Руската Федерација, предупреди Москва.

Директорот на вториот оддел на руското Министерство за надворешни работи за прашања на Комонвелтот на независни држави, Алексеј Полишчук, кој го кажа ова, всушност му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Всушност, како што потсетува „Раша тудеј Балкан“, Зеленски при посетата на Кишињев изјавил дека оние руски мировници во Придњестровје, кои имале добар живот, треба да го напуштат.
Полишчук исто така нагласи дека вооружените сили на Русија соодветно ќе одговорат на какви било провокации, како и дека ќе обезбедат заштита на нивните сонародници, рускиот мировен контингент и на едно од најголемите воени складишта.
Заканите на Зеленски се „уште една демонстрација на агресивната политика на режимот во Киев“, заклучува МСП на Русија.
Колбасна, е местото каде што се наоѓа голем руски воен магацин од советскиот период, каде се чуваат големо количество оружје и околу 20.000 тони муниција, многу потребна на Киев.
Истовремено, ова село е на само неколку километри од границата со Украина, а од почетокот на Специјалната воена операција Москва постојано предупредува дека режимот на Киев подготвува провокации во Придњестровје.
Дека предупредувањата не биле залудни, потврдува и обидот за атентат врз лидерот на оваа непризнаена држава, терористичкиот напад во зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол минатиот мај, како и информациите од руска страна дека режимот во Киев испраќал воени трупи на границата со оваа територија, пренесуваат тамошните медиуми.
Претседателот на Придњестровје за „РИА Новости“ ја коментираше ситуацијата во тој регион и рече дека во моментов не гледа никакви индиции дека се подготвува директен напад врз Придњестровје. Сепак, тој не исклучува дека може да дојде до провокации, објаснувајќи дека опасноста постои, поради што го продолжи жолтото ниво на закана од тероризам до 18 јули.

На почеток