Свет

Изгласан референдум во Австралија за давање право на глас на домородните луѓе во парламентот

Изгласан референдум во Австралија за давање право на глас на домородните луѓе во парламентот


Австралискиот Сенат денеска гласаше за одржување референдум оваа година за давање право на глас на домородното население во парламентот, со цел да му се овозможи на најранливото етничко малцинство во земјата да има збор за владината политика.

Десетици домородни Австралијци стоеја и аплаудираа додека сенаторите го усвоија предлог-законот за референдумот со 52 гласа „за“ и 19 „против“.

Застапниците се надеваат дека правото на глас во парламентот ќе го подобри животниот стандард на домородните Австралијци, кои сочинуваат 3,2 отсто од населението и ја претставуваат најранливата етничка група во Австралија.
Портпаролката на опозицијата Михаела Кеш во Сенатот изјави дека мнозинството нејзини колеги ќе гласаат за одржување на референдумот, бидејќи веруваaт во народот на оваа нација и во нивното право на глас.
Сепак, независната сенаторка Лидија Торп, која е член на домородната заедница, рече дека се противи на таквото право на глас, бидејќи тоа е секако глас без моќ.

На почеток