Македонија

МПЦ- ОА против законите за матична евиденција и родова еднаквост, ги повика верниците на протест

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Аерхиепископија, на својата редовна седница во пленарен, односно, полн состав, одржана вчера, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што се осврна и на актуелните информации за измена на предлог законите за матична евиденција и родова еднаквост.

„Светиот Архијерејски синод изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 проценти од населението. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка- семејството. Негативните последици од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот, каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие Закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред се нашите деца. Повискуваме, во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права, да ни се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 т.5 од предлог – законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски““ во Скопје, на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие Закони“ се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

На почеток