Охрид

Општина Охрид со повик за отстранување на пловните објекти од крајбрежјето во Пештани

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во село Пештани, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.

Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

На почеток