Актуелно

Ќе се проверува дали обвинителите подпаднале под влијание на Мерко и дали се ажурни

Одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, меѓудругото, и поради влијание врз судски постапки, допре и до Обвинителството. Оттаму посочуваат дека по секој предмет кој се води против Мерко, ќе ја испитуваат законитоста и ажурноста, но и дали потпаднале под влијание.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, велат од Обвинителството.

На почеток