Македонија

До утре ќе бидат уништени спорните вакцини

„Македонија лек“ до утре треба да ги уништи МРП вакцините кои имаат декларации со поминат рок. Агенцијата за лекови донела решение за уништување на повеќе 600 вакцини на кои беа залепени декларации со поминат рок, а наредбата веќе е доставена до добавувачот. Вакцините ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Од Министерството за здравство информираат дека директорите на здравствените домови во кои беа примени спорните вакцини ќе треба да поведат дисциплински постапки против одговорните лица.

Вчера имаше уште четири нови случаи заразени со мали сипаници примени во Килиниката за инфективни болести.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток