Македонија

Платите растат само кај министрите, Шекеринска, Спасовски, Османи, Анѓушев и Лика со покачувања

Владата по секоја цена сака да им ги зголеми платите на сопствените вице премиери. И покрај жестоките критики од јавноста, во Собранието во понеделник се отвора расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со кој замениците на Заев ќе добијат зголемување на месечните приходи за околу осум илјади денари.

Ова значи дека од парите на граѓаните ќе се издвојат повеќе од 480 илјади денари. Законот го потпишала Шекеринска, иако зголемување на платите ќе добијат  Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Хазби Лика.

Од партијата Левица која еднаш веќе го блокираше зголемувањето на платите во владата, недомана најавија дека и овој Закон ќе го анулираат со помош на Уставниот суд.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток