Актуелно

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 29 степен.

Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.

На почеток