Дури во декември ќе има по два часа евтина тарифа на струја
Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, уверува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Тој рече дека е намлена и цената, која се плаќала за мрежарина, а која во изминатите месеци беше повисока и од цената на струјата.
„Донесените цени по блокови за период на висока дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09 %, трет блок зголемување од 2,54 % и четврти блок зголемување од 2,42 %. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември, со почетокот на дневната евтина тарифа, ќе следува линеарно намалување од 5 % на сметките“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
За намалувањата, ЕСМ придонело со намалувањата во загуби.
„Во сметките ќе го немаме проблемот дека се плаќало повеќе за мрежарин,а а помалку за енергија. Со сите мерки се стабилизира ситуацијата“, посочи Бислимоски.
Зголемувањето на ДДВ-то за струјата на 18 % се обиделе да го амортизираат.
„ДДВ-то влијае над седум проценти“, објасни тој.