Скопје

(Фото) Сообраќајка, боксови, Брза помош – несреќа во Карпош 4 доведе до тепачка

Сообраќајна несреќа со прегазен малолетен пешак прераснала во физичка пресметка во Карпош 4,  на стотина метри оддалечено од трговскиот „Сити мол“, а во близина на „Антико“. Недоразбирањето по несреќата прераснало во кавга, а потоа и тепачка со боксови.

Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. Случајот е пријавен и во полиција, чии службеници интервенирале. Интервенирале екипи на Брзата помош, кои укажувале помош – но непознато е дали за пешакот или тепачите.

На случајот се работи. Полицајци земаат изјави од учесниците како во сообраќајката така и во тепачката.

To Top