Скопје

На Средно Водно се одржаа „Средношколски игри 2018“

Под слоганот „Заедно во природа“ денеска на Средно Водно се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2018“.

Манифестацијата вклучи различни натпревари во природа (во крос, во знаењево уметнички вештини– цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава…) а со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравјеНатпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а животната средина во која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот и почесто движење во природни средини.

На еднодневните игри, учествуваа околу 300 активни учесници од 15 средни училишта од Скопје, и тоа ученици – натпреварувачи, наставници, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, посетители на Средно Водно. Од настанот учениците испратија пораки за меѓусебна толеранција, здрав живот и чување на природата.

Манифестацијата се одржа во организација на ЗГ „Сфера“ со поддршка на Град Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток