Македонија

СДСМ утре ќе бира претседателски кандидат, Спасовски излезе со став

Министерот Оливер Спасовски не потврдува, но ниту негира дека е можен кандидат од СДСМ за претседател на државата. Изјави дека, на седницата на Централниот одбор, закажана за утре, ќе се разгледуваат сите аспекти на претседателските избори и дека е важно да се избере претседател што ќе биде прифатлив за сите граѓани и што ќе мисли за иднината на државата, пишива Телма ТВ.

Покрај Спасовски, во СДСМ се мери рејтингот уште на неколкумина потенцијални кандидати.Меѓу нив се и вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерот Никола Димитров.

Фаворитите на двете најголеми партии овојпат не можат со сигурност да ги именуваат ниту аналитичарите, кои во Топ тема на Телма толкуваа дека, резултатот на изборите многу ќе зависи од тоа, дали тие ќе бидат само претседателски или заедно со нив ќе се одржат и вонредни парламентарни. Петар Арсовски смета дека вонредните избори носат голем ризик да се збогуваме со датум за преговори за ЕУ годинава, а и политичката цена може да биде висока.

Александар Пандов, пак, ја исклучува можноста ВМРО-ДПМНЕ да го кандидираат Мицкоски, но затоа се уште не е убеден дека Заев нема да се кандидира од СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток