Македонија

(ВИДЕО) Судир меѓу министерот Меџити-новинар, интервју со кавги и судир на ставови

Болни без лекови, пациенти без термини, клиники кои се потопуваат при прв помал дожд, граѓани кои плаќаат здравствено – а за лекување мора да фаќаат врски. Ако треба со една реченица се опише македонското здравство – ова ја дава вистинската слика.

Се менуваат министри, сите користат државни привилегии, волни се за да менуваат директори – но не и оваа мизерна реалност во јавното здравство. Незадоволни не се само пациентите, туку и вработените кои се повеќе се одлучуваат да работат за приватните клиники. Не само поради пари, туку и поради условите кои им се понудени. Во редот на многуте дојдени менаџери е и Фатмир Меџити. И во неговиот мандат, деца се лекуваат преку СМС пораки.

Со него зборувавме за состојбата во болниците и проблемите со термините, третманите на пациентите, но и за лековите кои се почесто ги нема. Одговараше дали му е незгодно што тој зема 78% покачување на плата, додека, докторите земаа по 3.000 денари.

Во интервјуто, судир на аргументи за лекот „трикафта“ за кој тврди дека го има, но и за третирањето на пациентите со цистична фиброза.

Дали Меџити е подобар доктор од менаџер или обратно, одговара во интервјуто во продолжение:

На почеток