Нема што да докажуваат осудените дали имаат причини за одбрана од слобода, ама џабе кукам по веслото, кога целото кајче е заминато во неповрат, вели Димоски

Од
Објавено на

Обвинетиот Даниел Станчев ,за да ја убеди судијката Фанка Јанчулева-Mихаиловска дека нема да бега, ја побара за жена обвинетата Ирена Ивановска, по што на социјалните мрежи својот став го искажа поранешниот обвинител Војо Димоски.
„Во честитката на судијката е содржана клучната аномалија на нашата кривично -судска пракса.
Нема што да докажуваат осудените дали имаат причини за одбрана од слобода. Напротив: обвинителството треба да го убеди судот дека постојат некои од причините за притвор.
Ама џабе кукам по веслото, кога целото кајче е заминато во неповрат“, стои во објавата.
