Коментари

Не можеш бе држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како атак на нивното село или племе, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил сподели став околу синоќешниот инцидент во Слупчане.

„Не можеш бе држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како атак на нивното село или племе. Како чин на етничка агресија и нивна дискриминација

Не можеш.

Еден комшија, во ЕВН работеше, одеше да бара диви приклучоци по овие проевропски супермодерни села и заедници каде плаќањето струја го сметаат за примитивно, беше тепан, навредуван, еднаш едвај жива глава спасил од мештаните кои додека се на печалба у Швицарска не смеат да плукнат на улица а не да не платат струја.

Човеков прво бараше што било да го стават да му намалат и плата само да не го праќаат во овие недопирливи села од законот на оваа НЕдржава.

Се разболе од ПТСП синдромот поради траумите по тие села, заканите. , се пропи од тие стресовите што ги преживеа, Не е више за ништо, иако работи нешто десето. Ти кажуе нешто и одеднаш ќе почне да плаче, ничим изазван…..

А бе каква Европа. Ние сме Европа само географски. Инаку сме деволуирале 20 века. Ментално сме на ниво на скандинавците од 1 век кога живееле со мечки и мочале по пештери во огнот, додека овде имало цивилизација.

Не можеш да живееш со секој. Не можеш ни гранапче да водиш со партнер што те краде.

А не па држава.“ напиша тој.

To Top