Коментари

Тасевски до Ковачевски: Околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека во нашето Собрание се уште има пратеник кој доаѓа од редовите на поранешната УДБА и додаде дека не очекува тој да сака да ја види државава во Европска Унија.

„Тој изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. Од него не може да се очекува да ја носи државата во ЕУ. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари кои виделе што сакаат новите генерации. Нашите млади сакаат да работат во ЕУ заради поголем стандард, подобро социјално осигурување, подобро владеење на демократијата. Тие сакаат да имаат коридори и патишта“, порача Ковачевски.

Актерот Сашо Тасевски реагираше на оваа изјава на премиерот.

„Ковачевски: Има пратеник во Собрание од УДБА.
А бе торко, околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши“, вели Тасевски.

На почеток