Коментари

„Кико ми остави траги и едноставно се плашам, ми треба време“, Лазаров се пожали дека добива пцовки и навреди

Јутјуберот Стефан Лазаров, на својот Фејсбук профил се пожали дека добивал многу пораки со кои граѓани му барале помош, а бидејќи биле многу, кога не стасувал да одговори на сите, добивал пораки со пцовки и навреди.

„Морам да се огласам конечно, иако сум на одмор/меден месец и можеби не треба да се замарам, но за ваква тема колку и да е човек спремен на се и научил да биде камен , едноставно не можам повеќе.
Секој пат, ама буквално кога ќе објавам слика на која се бара помош за донации, во порака добивам уште минимум 50, и навистина ми е жал што има толку потреба. Јас не успевам да вратам на сите затоа што јас сум еден и не можам постојано да бидам активен на тоа поле. И плус, секоја приказна, и да не го познавам човекот ме допира и ја гледам емотивно. (што е страшно и може сериозно да ми влијае)
Е сега кога не успевам да враќам, добивам пцовки, навреди и муабет во стилот дека ме заболе за луѓето и лажно се претставувам.
Не разбирам, што е потребно, да не објавувам никого повторно, да не верувам во доброто повеќе? Разберете ме ве молам, да можам би помогнал на сите, но ете не можам. Ветив и повторно ветувам, првиот момент кога ќе се осеќам психички спремен ќе направам повторно акција. Кико ми остави траги и едноставно се плашам, ми треба време.
Последен пат за оваа тема се огласувам, или имајте разбирање или не.. ваше е“, вели Лазаров.

На почеток