Калајџиев за Јанакиевски: Нема пречка притворите од различни постапки да му се засметаат во правосилна казна


По објавата дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е однесен повторно во Идризово на отслужување на затворска казна за случајот „Титаник“, кој секако помина и најмногу време во нашите затвори поради разни кривични дела, за неговата ситуација се огласи и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Неговите адвокати бараат спојување на делата и да му се признае времето поминато во затвор и за другите дела.
На оваа тема се јави и професор Калајџиев, кој укажа дека нема пречка досегашното поминато време во притвот на Јанакиески да влезе во правосилната казна.
– Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum) – напиша Калајџиев на својот Фејсбук профил.
