Коментари

Калајџиев за истрагата за Кочани: Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери, притвори под притисок, а не од легални причини

Професорот по право Гордан Калајџиев, смета дека има селективност со апсењето на претходните функционери. Според него, притвори има и под притисок на јавноста, а не од правни причини.

„Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи: 1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност; 2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено 3. Мвр и Јо тераат не многу координирано (мвр скока како прле пред магаре- ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води Јо. 4. Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери и 5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават…“, напиша Калајџиев.

На почеток