Собранискиот спикер Талат Џафери не одвојува 20 илјади евра за ангажирање на ај-ти експерти за надзор врз прислушувањето, а кои ќе се ангажираат од Комисијата за контрола на посебните истражни, тврди првиот човек на собраниската комисија и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев.
Се работи за законска обврска ова контролно собраниско тело да ангажира по двајца екперти за секоја контрола на системите за прислушување. Димитриев барањето до Џафери го испратил уште во ноември, но одговор не добил.
Марагарита Цаца Николовска поранешната судијка Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во име на граѓанското тело кое треба да врши надзор рече дека тврдењата на Димитриев се непоткрепени и неаргументирани. Таа му порача како човек кој вршел политичка функција да размисли што работел и за кого одработува. Инаку покрај Николовска која ќе претседава со Советот прифатени се кандидатурите на професорот Гордан Калајџиев, Филип Стојановски и Ице Илиевски.За дргите кандидати ќе се распише втор оглас.