Коментари

Масовно се шерува список со вработени во Комунална за кои се тврди дека воопшто не одат на работа

Список со имиња и презимиња на лица за кои се тврди дека се вработени во Комуналното претпријатие при Град Скопје денеска масовно се шерува на социјалната мрежа Фејсбук.

Објавувачот на ова писмо, истакнува оти во претпријатието се вработени многу лица со исто презиме, и дека еден од нив е претставник на синдикатот.

„40-тина вработени во ТРЕТА СМЕНА во Чаир

7-мина со презиме ДАРЛИШТА
Претседател на Синдикатот во КХ е Делија ДАРЛИШТА
Иначе во Комунална Хигиена некогаш имало 1600 вработени, а денес има околу 1200, од кои од 300 до 400 воопшто и не знаат каде е КХ.
п.с. На списоков 80% не одат воопшто на работа… не се сите неработници
п.с.с. Има уште списоци
п.с.с.с. Отидов ја по ЧИЗМИТЕ
И заборавив… ДАНЕЛА Е КРИВА ЗА СФЕ  – напишал тој на Фејсбук.

To Top