„Контејнерите чисти, ѓубрето сто“, вели поранешниот портпарол на Град Скопје
Од
Објавено на
И поранешниот портпарол на Град Скопје, Ваљон Салиу се огласи на Фејсбук, со реакција за ѓубрето во градот.
Тој објави фотографија од контејнери кои се празни, а до нив има куп ѓубре.
Инаку, на социјалните мрежи, сѐ уште се споделуваат фотографии од несобраното ѓубре во градот, и покрај тоа што градоначалничката Данела Арсовска, уште вчера потенцираше дека состојбата во комуналното претпријатие се враќа во нормала, и дека екипите почнале со собирање и чистење на ѓубрето.