Магазин

Судот наложи Кевин Костнер да плаќа двојно повеќе алиментација од понудената

Судот наложи Кевин Костнер да плаќа двојно повеќе алиментација од понудената

На Кевин Костнер му е наложено да плаќа двојно повеќе од износот што тој го понуди за издршка на отуѓената сопруга.

dobivaj vesti na viber

Веста доаѓа среде правна битка меѓу ѕвездата на „Јелоустоун“ (68) и неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер (49) во врска со барањата за месечна издршка.

Судските документи покажуваат дека судијата Томас Андерле во вторникот (11 јули) пресудил дека холивудскиот актер мора да ѝ плаќа на дизајнерката на чанти 129.755 долари месечно за поддршка на трите деца што ги имаат заедно – Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13).

Оваа сума е двојно поголема од она што Кевин првично го понудил, но и двојно помалку од она што барала Кристин.

Документите до кои дојде „Фокс њуз“, исто така, покажуваат дека судијата му наредил на Кевин да плати 200.000 долари за адвокатски трошоци и 100.000 долари за форензичко сметководство.

Тој и Кристин, која поднесоа барање за развод во мај по 18 години брак, наведувајќи непомирливи разлики како причина, ќе треба да платат по 50 проценти од трошоците за здравствена заштита, спорт и воннаставни активности на своите деца, според судските документи.

Кристин првично бараше 248.000 долари месечно за издршка на децата – настрана од непознатата сума претходно договорена во предбрачниот договор на поранешната двојка. Кристин, како што пренесува „Фокс нуз“, ја барала оваа сума со објаснување дека толку е потребоа за неа и нивните тројца тинејџери да продолжат да живеат како што живееле досега.

Од друга страна, Кевин тврдеше дека разумен износ на детска поддршка за Кристин ќе биде 51.940 долари месечно – што е она што тој моментно го плаќа.

Актерот исто така се бори во следните два дена да ја извлече својата отуѓена сопруга од нивната хациенда на плажа вредна 145 милиони долари.

Тој во судските документи вели: „Со почит барам од својот поранешен партнер веднаш и не подоцна од 13 јули 2023 година, да ја напушти нејзината засебна резиденција на имотот во Санта Барбара, Калифорнија. “

Тој цитира дел од предбрачниот договор што го потпишале во 2004 година, според кој таа ќе го напушти нивниот брачен дом во рок од 30 дена ако некогаш дојде до развод.

Кевин во јуни тврдеше дека неговата поранешна одбива да се исели од домот во Калифорнија и се обидува да го принуди да се согласи со бројни финансиски барања пред да замине.

Макфакс

На почеток