Магазин

Познат водител итно примен во ментална болница: откриено името на ѕвездата на Би-би-си кој е во центар на секс скандал

Познат водител итно примен во ментална болница: откриено името на ѕвездата на Би-би-си кој е во центар на секс скандал

Сопругата на водителот на Би-Би-Си, Хју Едвардс, изјави дека нејзиниот сопруг, кој моментално се соочува со обвинувања дека платил за експлицитни фотографии, е хоспитализиран. Вики Флинд пријавила дека нејзиниот сопруг има сериозни психички проблеми.

dobivaj vesti na viber

Таа ибјасни дека Хју има сериозни проблеми со менталното здравје.

„Ова го правам првенствено поради грижа за неговото ментално здравје и за да ги заштитам нашите деца. Хју страда од сериозни психички проблеми. Последните години се лекува од тешка депресија“, рече сопругата на познатиот водител во изјавата пренесена од Би-Би-Си.

Хју моментално е во болница, каде што ќе остане извесно време, па неговата сопруга побарала приватност и почит.

„Настаните во последните неколку дена дополнително ја влошија неговата состојба. Доживеа уште една многу тешка епизода“, напиша сопругата на познатиот британски новинар.

Таа изјавила и дека водителот ќе проговори за обвинувањата против него кога ќе биде во доволно добра состојба за тоа.

Минатиот викенд британскиот јавен сервис го суспендираше тогаш неименуваниот водител, бидејќи млад човек го обвини дека уште од својата 17-та година му плаќал илјадници фунти за експлицитни фотографии. Подоцна против водителот беа упатени уште неколку обвинувања.

Едвардс е еден од водечките телевизиски водители во Велика Британија, а работи во Би-Би-Си од 1984 година.

Макфакс

На почеток