Македонија

Град Скопје: Градоначалникот на Кисела Вода, освен што е неписмен, нема основна култура на однесување, срамно е да плаче на пресови

Град Скопје: Градоначалникот на Кисела Вода, освен што е неписмен, нема основна култура на однесување, срамно е да плаче на пресови

Неписменоста, функционална, но и целосна, е главниот проблем на македонското општество во последните три децении. За жал, ниту денес, во 21 век, не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година на година сè повеќе е изразена неписменоста во највисоките редови на централната, локалната и во сите други власти, реагираат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Таков е примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој, освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување.

Имено, имотот на парцелата на ЈП ‘Дрисла’ е во сопственост и основана од страна на Советот на Град Скопје и е во директна надлежност на Град Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. правен тим на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот, пак, што ја прифатил ваквата сугестија. Она што ме радува, пак, од прес-конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и од СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС“, се истакнува во соопштението од оваа институција.

Изразуваа жалење за, како што ги нарекуваат, ноторните лаги на Ѓорѓиевски.

„Тие произлегуваат, претпоставувам, од неговата функционална неписменост – Општина Кисела Вода нема никаков договор со ‘Дрисла’, напротив, барањето за склучување договор е испратено до ЈП ‘Дрисла’ вчера, на 11.7.2023 година. Договор има компанијата ‘Анизор’, која е ангажирана преку тендер од страна на Општина Кисела Вода за одлагање отпад во ЈП ‘Дрисла’, со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП ‘Дрисла’ самиот изјави дека тој чин го прави под целосна сопствена одговорност. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“, се потенцира во напишаното од Град Скопје.

Макфакс

На почеток