Патниците на авионскиот лет од Тампа до Њујорк при слетувањето сфатиле дека во авионот има непоканет гостин.
Еден од патниците во леталото забележал змија под неговите нозе во моментот кога авионот слетувал на аеродромот „Newark Liberty“.
Како што пишува Си-ен-ен, полицијата и вработените на аеродромот веднаш реагирале и ја отстраниле змијата, а никој не бил каснат.
Патниците од бизнис-класата почнале да врескаат и да ги креваат нозете во паника, сведочел еден од патниците.
„United Airlines“ соопшти дека членовите на екипажот побарале помош од службениците на аеродромот откако патниците ги предупредиле за змијата.
Според Здружението за диви животни во Северна Каролина се работи за змија која не била отровна.
Макфакс