Актуелно

(ВИДЕО) Замрзнуваат луѓе за да ги оживеат во иднина

Времето и смртта се во пауза за луѓето сместени во криокоморите на Фондацијата Alcor Life Extension, компанија од Аризона која е специјализирана за криопрезервација. „Имаме 199 пациенти и речиси 100 домашни миленици за кои се грижиме. Важно е да се напомене дека сите тие се клинички мртви. Нивните тела се криопрезервирани“, објаснува поранешниот извршен директор Макс Мор.

Целта е пациентите, како што ги нарекуваат во Алкор, да заживеат во иднина кога технологијата ќе биде доволно напредна и ќе има лек за нивните болести.

Мор ја објасни и постапката за криопрезервација. „Откако едно лице ќе биде прогласено за клинички мртво, неговото тело се преместува во ледена бања и се става на вентилатор. Потоа се внесуваат хемикалии кои го спречуваат оштетувањето на клетките и ткивата“.

Телата потоа се ставаат во криокомори, каде што всушност не се замрзнати, туку всушност се претвораат во „стаклени блокови“ кои ги држат клетките на своето место. Постапката се изведува во течен азот на температура од минус 110 Целзиусови степени.

„Нема биолошка или невролошка активност во криокоморите. Тоа е всушност целта – не е важно дали сте таму еден ден или 100 години. Откако ќе излезете, вие сте истата личност“, нагласува Мор.

Сепак, Алкор е категоричен дека нема гаранции дали технологијата ќе напредува доволно за да се спроведе процедурата за заживување.

Видеото можете да го полгеднете тука

На почеток