Македонија

Според министерот Лога, Уставниот суд реагира нервозно

Според министерот Лога, Уставниот суд реагира нервозно

Министерот за правда, Лога не може да ја сфати нервозата и вокабуларот искористен во реакцијата на почитуваниот Уставен суд, порача Министерството за правда во допис до медиумите.

dobivaj vesti na viber

Правда дообјаснува дека на новинарско прашање, министерот Лога одговорил оти Управата за водење на матични книги (УВМК) има побарано мислење и од Уставниот суд и од други институции, како и од делот на експертите.

„Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин (заради тоа што до вчера актот на Уставен суд не беше објавен во Службен весник) и токму поради ова, добро е Уставниот суд да не брза со кфалификации, туку да ги прашува своите колеги. Од друга страна,со цел да се почитува законот и Уставот, директорот од УВМК има побарено писмено мислење од Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство“, се наведува во реакцијата на Министерството за правда.

Длабоко веруваме, велат од Министерството, дека нашите 10+10 иницјативи не се причина за нервозата изразена кон нас. На Уставниот суд му посакаа успеси во нивната понатамошна работа.

Претходно Уставниот суд ги оцени како неточни тврдењата на Лога дека од нив било побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи, како што посочија, нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда.

Макфакс

На почеток