Скопје

Арсовска ќе формира политичка партија!?

Според информациите на ТВ21, она што досега било само како идеја, наскоро може да се преточи во реализација, а тоа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да формира своја политичка партија.

Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.

Како што дознава ТВ21, во наредниот период целиот процес за реализација на оваа идеја ќе се интензивира, односно ќе се вршат разговори со интелектуалци, луѓе од невладиниот сектор, познати лица од спортот, културата, угледни професори, кои би требало да застанат до неа во формирањето и промовирањето на новата политичка партија.

Ова најверојатно е потикнато од резултатите во последната објавена анкета на ИРИ, каде на прашањето дали Арсовска треба да биде резибрана за градоначалник на главниот град, 29 проценти од испитаниците одговориле потврдно, додека 53 отсто негативно. Осумнаесет проценти се изјасниле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

На почеток