Скопје

(Видео) Урната дивоградба во Бутел; Костовски: нема да дозволам узурпација во општината

(Видео) Урната дивоградба во Бутел; Костовски: нема да дозволам узурпација во општината

Денес, во утринските часови, беше отстранет бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, објави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот порача дека додека тој раководи со општината, нема да има бесправно изградени објекти и узурпација во Бутел.

„Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија, законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот“, вели Костовски.

Додаде дека ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во општината.

Макфакс

На почеток