Коментари

Очајно ви е образложението, aко ве излажал, Бектеши да добие клоца и премиерот да го смени, алармира Трајкоска

Новинарката Жанета Трајкоска го искоментира тврдењето дека Крешник Бектеши ги излажал колегите за да гласаат за концесијата за „Иловица“ на седница на Влада.

Нејзиниот статус во целост:

Смешно ви е образложението дека ве излажал Бектеши на седница на Влада. Очајно и смешно.
– Ако ве излажал, уште денеска Бектеши да добие клоца и премиерот да го смени.
– Ако ве излажал, уште в понеделник да ја поништите одлуката за спојување на концесиите, оти сте дигнале 2 прстиња на база на лажни информации. Веднаш.
– Ако ве излажал, побарајте ја линијата на парите, моќта и интересот што го врзува Бектеши со рудникот и сите во низата на одлуки и отворете истрага за прибирање докази за потенцијален криминал и корупција од министерот преку судовите.
– Ако ве излажал, треба дел пд министрите да си поднесат оставка, посебно тие што се врзани тематски со концесии, финансии, екологија…продолжи ја низата. Како така сте кренале 2 прста, а водите министерства што се врзани со животна средина и добро владеење?! На жими мајка или не се занимавате со сопствената работа?!
– Ако ве излажал Бектеши сега, ко мали деца за лижавче, тогаш легитимно е прашањето за што уште ве лажеле на СЕДНИЦА НА ВЛАДА за да дигате 2 прстиња и дали сте добиле 5 на рачињата. За Бехтел и Енка можеби?! ЗА ШТО?!
– АКО ТАКА ЛЕСНО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ја ИЗЛАЖАЛО ЦЕЛА ВЛАДА, да се самораспуштиме ко држава, оти многу е срамота…
Ако така ако ве лажат на сопствена седница на Влада, во сопствената зграда, во државата ко божемски ја водите, па дечки, за што се ве лажат странските дипломати и наречници што нон стоп ви го маваат стапот без морков, ама не само вас, туку на сите нас.
Јадно!
Среќа па Миле го затворивте, инаку ќе го носевте денеска во притвор.

На почеток