Според податоците на Заводот за јавно здравје во Хрватска, за една недела починаа 20 лица, со што вкупниот број се искачи на 29.
Од Заводот велат дека динамиката на движење на бројот на заболени од грип годинава е на ниво на претходната.
Исклучок е втората седмица од почетокот на сезоната, кога е забележан поголем број заболени во споредба со истиот период минатата сезона.
Докторот Фран Михалјевиќ од инфективната нега изјави за хрватски „Дневник“ дека епидемијата е на врвот, а повеќе нема вакцини.
