Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа.
По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, грчкиот парламент го ратификуваше со 153 гласа „за“. Против гласале 146 пратеници.
Со прозивање, сите 300 пратеници кажаа дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
