Продолжува отстранувањето на бесправно изградените објекти и узурпација на општина Бутел
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека ќе продолжат со отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината.
„Денес, во населеното место Визбегово, со поддршка од директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направивме дополнителен увид на улицата Јадранска магистрала. Во населеното место Визбегово изминатиот период, по постапка од страна на општинските инспектори, почна процес на отстранување на узурпациите по должината на улицата Јадранска магистрала.
Сѐ додека јас сум градоначалник на општина Бутел, законите ќе важат за сите еднакво, без отстапки! Без разлика, граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек што ќе го спроведува законот“, вели Костовски на „Фејсбук“.
Тој додава дека по претходна постапка на општинските инспектори, некои од стопанствениците почнале процес на отстранување. Таму каде што нема да се почитуваат роковите, Општина Бутел ќе пристапи кон отстранување, порача Костовски.
Макфакс