Македонија

(Видео) Тасевска: ДПМНЕ и Груевски ги дадоа концесиите за „Иловица“, СДСМ од прв ден е против

(Видео) Тасевска: ДПМНЕ и Груевски ги дадоа концесиите за „Иловица“, СДСМ од прв ден е против

Во интерес на вистината, граѓаните, нашата јавност, мора да знаат дека овие концесии за рудникот „Иловица“ се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски, и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски, рече Лидија Тасевска од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Таа одлука е донесена на 16 јуни 2012 година и е потпишана од неговиот близок соработник Зоран Ставревски и објавена во ‘Службен весник’ во 2012 година. Во тој контекст не треба да се заборави и фактот дека тогашните градоначалници од редовите на ДПМНЕ, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село, исто така носат одлука за отварање на овој рудник.

Тоа значи дека од одлуките на ДПМНЕ оттогаш ние сме влезени во еден судски лавиринт од кој не можеме да излеземе, но факт е дека СДСМ од првиот ден е против отворање на овие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Груевски, во 2016 година најавуваше отворање дури 10 нови рудници во југоисточниот дел од нашата земја, СДСМ беше против“, изјави Тасевска.

Таа додаде дека СДСМ е секогаш против одлуки што граќаните не ги прифаќаат, во овој случај се работи за отворање рудници на места каде што тие не ги сакаат.

Макфакс

На почеток