Од Министерството за правда демантираат дека министерот Кренар Лога на денешниот настан игнорирал новинар и прашање поставено на македонски јазик. Оттаму велат дека министерот има отворен однос со медиумите и секогаш дава брзи одговори на секоја тема.
Во продолжение демантот во целост:
„Со огромно жалење сакаме да ги демантираме лажните вести според кои министерот за правда Кренар Лога, наводно игнорира новинар и прашање поставено на македонски јазик. Во кпнкретниот случај, министерот Лога одговори дека прашањето треба да се шостави до Управата за водење матични книги како најповикувана инститиција. На истиот настан за сите други прашања, министерот Лога го повика новинарот да дојде во негова канцеларија за секакви други прашања надвор од денешната тема.
За пристапот на министерот Кренар Лога кон медиумите и новинарите, најдобар одговор е неговиот отворен однос, подготввеноста и учеството на пресс конференции, емисии како и на брзите одговори на секоја тема со интерес за јавноста, а за ова можат да сведочат сите новинари кои го следат секторот и активностите на министерсвото“ се вели во демантот од министерството.
Министерот за правда, Кренар Лога, на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и за уставните измени, па на медумите што поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот откако одговори на само едно прашање.
Макфакс