Магазин

Мети Хили доби забрана за настап во Малезија

Мети Хили доби забрана за настап во Малезија

Музичкиот фестивал во Малезија е откажан откако Мети Хили, фронтменот на британскиот бенд „Д’ 1975“, јавно ги искритикува анти-ЛГБТ законите во земјата.

dobivaj vesti na viber

За време на настапот на бендот на фестивалот „Гуд вајбс“, Хили ѝ се обрати на публиката со вулгарен говор пред да го бакне басистот Рос Мекдоналд.

Бендот потоа го заврши својот сет, тврдејќи дека официјални лица им рекле да ја напуштат сцената.

Хомосексуалноста е нелегална во Малезија и се казнува со 20 години затвор, пишува Би-би-си.

Британскиот бенд во петокот настапи како главен гостин на фестивалот во главниот град Куала Лумпур.

Во саботата организаторите на фестивалот соопштија дека преостанатиот распоред за фестивалот бил откажан по контроверзата.

Во соопштението се наведува дека „одлуката е донесена по директива за итно откажување од Министерството за комуникации и дигитална технологија на Малезија, како дел од неговиот непоколеблив став против сите страни кои ги оспоруваат, исмеваат или ги прекршуваат малезиските закони“.

На снимката споделена на интернет, можеше да се види како Хили ѝ кажува на публиката дека одлуката на бендот да се појави во Малезија била грешка.

„Кога резервиравме настапи, не истражував многу“, рече Хели. „Не ја гледам поентата, не ја гледам смислата да се поканат The 1975 во некоја земја и потоа да ни кажуваат со кого можеме да имаме секс,“ рече тој, вметнувајќи пцости во говорот.

„За жал, нема да слушнете многу песни што ќе ве расположат затоа што сум проклето бесен“, продолжи фронтменот. „И тоа не е фер кон вас, бидејќи не сте претставник на вашата влада. Затоа што вие сте млади луѓе и сигурен сум дека многу од вас се геј, прогресивни и кул“.

Хели и Мекдоналд потоа се бакнаа додека бендот ја свиреше песната I Like America & America Likes Me.

Набргу потоа – само 30 минути по сетот – Хили и бендот се симнаа од бината, а пејачот ѝ рече на публиката: „Во ред, само што добивме забрана за влез во Куала Лумпур, се гледаме подоцна“.

Извор близок до бендот го потврди инцидентот за Би-би-си.

Макфакс

На почеток