Фотографија од странски туристи на црногорска плажа во Будва предизвика бројни реакции.
„Дали плажата е адекватно место за подготовка на скара?“ Тоа прашање им беше поставено на следбениците на популарната страница „Подгорички времеплов“ заедно со фотографија на која, како што е наведено, се фатени странски туристи како подготвуваат скара среде плажа во Будва.
Сепак, следните одговори веројатно не се очекуваа. Наместо осуда, поддршка добија „скараџиите“, додека црногорските домаќини беа критикувани за разни други работи, пишува „Нова.рс“.
„Тоа е кога во ресторанот има 7 ќебапи за 10 евра“; „Треба ли се да се приватизира за обичните луѓе да не можат да имаат слобода на плажа? Срамота, нека живее и ужива народот“; „Па, ви пречеа „туристите од домати“, скокна стандардот“; „Па нека јаде народот. Кога не ни пречи ѓубрето што го оставаме покрај главата на плажа и таа смрдеа што ја вдишуваат по цел ден, ќебапите се барем уживање“; „Најдобро е да се направи скара на плажа, особено кога не можеш да купиш ни бурек за 5 евра“; „Подобро пријавете како таква плажа нема спасители, денеска кај Бова спасивме онесвестен човек. Брука и срам!“ – се дел од коментарите.
Се споменуваше и општинската полиција, а се огласија и оние кои беа сведоци на ситуацијата.
„Дојдоа после 19 часот. Учтиво, народот веќе си одеше дома… Никому не му пречеа и одлично си поминаа“, беше еден од коментарите.
Макфакс