Свет

(Видео) Жена во Британија не сакала да и го покаже на полицијата билетот за превоз, била уапсена пред расплаканото дете

(Видео) Жена во Британија не сакала да и го покаже на полицијата билетот за превоз, била уапсена пред расплаканото дете

Полицијата во Британија објави соопштение откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како апсат жена пред очите на нејзиниот расплакан син бидејќи таа одбила да им го покаже својот автобуски билет.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во Кројдон на 21 јули, кога полицајците задржале жена која давала отпор при апсење, додека случајните минувачи збунето го следеле инцидентот.

Инцидентот, како што пишуваат медиумите, предизвикал коментари и осуда кај британската јавност бидејќи во видеото споделено на Твитер, се тврди дека инцидентот се случил поради неплатен автобуски билет.

Откако видеото стана вирално, полицијата издаде соопштение во кое се вели дека полицијата била во областа како дел од однапред планираната операција каде инспекторите ги проверувале билетите за оние кои влегуваат и излегуваат од автобуси.

Доколку патниците немале валиден билет, морале да ги достават своите податоци до инспекторите, а од полицијата објаснуваат дека „службените лица се вклучуваат само кога не се даваат лични податоци или кога некој се обидува да го напушти превозот без платен билет“.

Во соопштението се тврди дека жената на снимката не го дала билетот кога полицајците тоа го побарале и дека продолжила да се обидува да си замине кога и пришле инспекторот и полицаецот.

„Таа беше уапсена поради сомнение дека нема билет и и ставија лисици на рацете. Кога полицијата успеала да и го земе билетот, потврдиле дека е валиден“, било напишано во соопштението и се наведува дека жената била пуштена кога била потврдена важноста на билетот.

makfax.com.mk

To Top