Свет

Туристичките агенции тврдат дека македонските туристи на Крф се безбедни

Родос и Крф во пламен, грчка министерка до туристите: Не е страшно, дојдете

Стотина Македонци се на Крф, но нивната безбедност поради пожарите не е загрозена, оти се наоѓаат на друг дел од островот, велат од туристичките агенции, пишува ТВ Сител. Евакуирани биле околните села, а на два часа бил испразнет само еден хотел, но таму немало македонски државјани.

„20 километри беше оддалечен Ипсос најблиску каде што избувна пожарот. Но, среќа, локализирани се пожарите, изгаснати се. Евакуацијата беше за превентива, за „не дај боже“ и сите луѓе беа донесени во Ипсос“, рекоа оттаму.

Туристичките агенции преку кои се направени резервациите се во постојан контакт и со патниците и со нивните водачи. Тие, пак, велат дека нема простор за паника, бидејќи грчките служби се постојано на терен и работат на случајот.

„Отприлика има околу 150 Македонци. Повеќето, 99 отсто се на Ипсос, но има и некои 50-ина луѓе кои се на југот на островот.  На Крф, за среќа, сега е добро. Во суштина, поголемиот дел од пожарот е локализиран. Моментално фрлаат огромна количина вода за да не дојде до проширување. За среќа, никој не настрада, ниту една куќа не изгоре“, рекол Ненад Крстиќ, водич на македонска група.

На почеток