Свет

Магионичар од Англија осуден на 30 години, силувал 7 девојчиња, една останала бремена

Магионичар од Англија осуден на 30 години, силувал 7 девојчиња, една останала бремена

Магионичарот и детски аниматор, Пол Меки (57) е осуден на 30 години затвор откако судот во Англија го екстрадирал од Тајланд поради силување на голем број малолетнички, од кои едната останала бремена.

dobivaj vesti na viber

Меки, чие уметничко име беше професор Паулос, беше осуден за 13 сексуални престапи и сексуално злоставување на седум деца во период од 24 години.

Тајландските власти го екстрадираа Меки во Велика Британија. Обвинетиот има сопруга и мала ќерка во Тајланд, а во текот на судењето ги негираше сите обвинувања. Осудувајќи го Меки, судијата Дејвид Свинертон рече дека тој бил многу манипулативен и физички насилен човек.

„Вашето однесување е предаторско во текот на многу години. Дома создадовте средина во која децата сакаа да дојдат. Имавте животни – свиња, мајмуни. Организиравте забави. Работевте како забавувач за деца во одморалиштата, бевте познат како професор Паулос“, рекол судијата, а пренесува Дејли мејл.

„Свесно избравте да работите на позиции кои ќе ве доведат во контакт со децата. Исто така, откако се преселивте во Тајланд, поминавте некое време во училиште“, додаде тој. Меки снимал некои негови злоставувања, а за време на судењето се дозна дека едната жртва имала само две години, а другата, која почнал да ја злоставува кога имала 14 години, останала бремена.

Девојчето раскажало како се сеќава на ноќта кога забременило затоа што ја врзал и ја силувал. Како и другите жртви, тој во неколку наврати ја силувал малолетничката.

makfax.com.mk

На почеток