Грчките пожарникари денеска, седми ден по ред, се борат со шумските пожари на Родос, а стотици туристи кои претходните денови беа евакуирани од островот треба да се вратат во матичните земји со авиони.
Large-scale forest fires in Greece due to record heat
The authorities announced the evacuation of people on the island of Corfu. Also, fires broke out in the northern part of the Peloponnese, near the city of Aigio.
According to police, 16,000 people have been evacuated… pic.twitter.com/mCrBiOOarN
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) July 25, 2023
Околу 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и хотели на Родос за време на викендот, бидејќи пеколот што почна пред една недела со пожари се прошири на крајбрежните одморалишта, откако изгоре големи површини и оштети и уништи згради.
Министерството за надворешни работи соопшти дека е активирано кризното управување со цел да се евакуираат странските државјани, а вчера со авиони дома се вратиле повеќе од 2.000 странски туристи.
Се очекува денеска голем број странци да ја напуштат Грција на специјални линии, а туристичките агенции ги откажаа планираните патувања.
Armageddon in Greece: forest fires have broken out on the islands of Evia and Corfu
Local police said 16,000 people were evacuated by land and 3,000 by sea from 12 villages and several hotels.
More than 450 firefighters and seven EU aircraft are working in Greece to help… pic.twitter.com/RpxZRwLyp3
— Slava Ukraini Making Spaces Great Again (@Heroiam_Slava) July 25, 2023
Грција често е погодена од пожари во летните месеци, но климатските промени придонесоа за сè поекстремни топлотни бранови низ југот на Европа, а се зголемуваат стравувањата дека туристите ќе ги заобиколат тие дестинации.
Стотици пожарникари со помош на екипи од Турција и Словачка се обидуваат да ги скротат пожарите кои беснеат во близина на селата Генади и Вати на југоистокот на Родос, а жештините и ветровите ја отежнуваат ситуацијата.
„Пожарите повторно се активираа низ целата земја, но се уште нема закана за населените места“, изјави припадник на противпожарната служба.
Грција во последните недели ја погодија многу високи температури, а се очекува од утре живата во термометрите да се искачи над 44 Целзиусови степени.
Цивилната заштита денеска предупредува на исклучително висок ризик од пожар на Родос и Крит. Грчките острови се популарни туристички дестинации, особено за Германците и Британците. Туризмот учествува со дури 18 отсто од грчкиот БДП.
makfax.com.mk