Македонија

Битиќи за уставните измени: ВМРО – ДПМНЕ ја ризикува иднината, под превезот на лагата дека го штитат идентитетот, лична одговорност мора да има

Битиќи за уставните измени: ВМРО – ДПМНЕ ја ризикува иднината, под превезот на лагата дека го штитат идентитетот, лична одговорност мора да има

Треба да е јасно, ВМРО – ДПМНЕ ја ризикува нашата иднина, под превезот на лагата дека го штитат идентитетот. Идентитетот и јазикот се заштитени, и за тоа ги имаме сите потврди, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во врска со уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Не е време да се молчи, затоа што лагите во моментов се шират гласно. Вистината е – Северна Македонија во Европска Унија!
Знае и Мицковски и цело ВМРО – ДПМНЕ дека нашата земја и сите нејзини граѓани се на патот кон ЕУ и од тој пат назад не треба и нема да има. Тие впрочем не ни нудат друга опција, само прават политички пазар со нашата иднина. Тоа граѓаните го гледаат и на избори верувам дека ќе го казнат“, пишува Битиќи.

Уставните измени, како што појаснува, се влезени во Собрание, и како што потсетува, уставната комисијата го поддржа предлогот за пристапување кон измени и враќање назад нема.

Оценува дека враќањето назад е пат назад од веќе трасираниот пат кон ЕУ, пат кој последниве 30 години е стратешка определба, на сите.

„Лична одговорност мора да има, сите треба да знаеме кој ќе гласа за нашата иднина а кој треба да биде обележан како политички калкулант и кој ги изневерил својот народ и држава“, вели тој.

Макфакс

На почеток