Вечерва, со почеток во 17 часот во ИНОФЕИТ центарот за трансфер на технологии и знаење при Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи првиот бизнис натпревар на македонските старт ап компании.
На финалниот натпревар, 12 старт-ап компании ќе се претстават пред неколкучлена стручна комисија. Член на комисијата ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена „Бетахаус“, кој ќе го проценува технолошкиот и бизнис потенцијалот на идеите на учесниците.
Избраните компани, преку програмата „BETAPITCH“, ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.
Годинава BETAPITCH ќе се одржи во 15 различни градови низ целиот свет вклучувајќи го и Скопје. Локални партнери за Македонија се Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при ФЕИТ/УКИМ.