Скопје

Шопинг лудило за шесттиот роденден на Скопје Сити Мол

Полни ходници со посетители и голема гужва низ продавниците може да се види денеска во Skopje City Mall, кој го прославува својот шестти роденден.

Кој рано рани, гратис шопинг граби лудилото започна уште од самото отворање во 10 часот и придонесе за големи бркотници и гужви низ продавниците.

За денеска покај гратис шопингот предвидени се и многу други активности како флеш моб во 14 часот, карикатурист кој ќе ве црта од 19 до 20 часот. А од 17:00 до 22:00 ќе ве забавуваат неколку наши познати бендови, кои со сигурност ќе направат незаборавна забава.

За утре попустите продолжуваат, а на  програмата ќе има ЛЕГО турнир од 12 до 14 часот, како и работилници за најмладите кои ќе траат до 19 часот. Има нешто и за оние физички најспремните, Fiт Games натпревар во Cross Fit од 12:00 – 16:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол. Но, денот не е завршен, најмалите ќе уживаат во Златно Славејче талент шоу. Од 18:00 до 19:30 часот секое дете ќе може да испее некоја песна со децата од Златно Славејче, а едно од нив ќе добие бесплатна песна од познатиот продуцент Александар Митевски за следниот концерт на славејчињата. Повторно има цртање на карикатури од 11 до 13:30 часот и од 18 до 19:30 часот. Забава за сите до бесвест!

Затоа побрзајте во Скопје Сити Мол и уживајте во незаборавен шопинг и многу забава.

На почеток