Полицијата ноќеска успеала да лоцира кои лица ги нападнале бугарските државјани, а еден од нив раниле со нож.
„Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба“, велат од МВР.
Инцидентот се случи пред почетокот на натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија). Пред прободувањето, имаше и каменување на автомобили во Чаир, кои ги управувале бугарски навивачи, а по низа провокации.
Макфакс